Васев: Мицкоски и високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ често биле во Мериот во последните недели, дали имало и средба со Мијалков?

Во последните неколку недели, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев, често биле во хотелот Мериот, порача денеска Стефан Васев од СДСМ.

Еве, овие објави го потврдуваат тоа.

Дали во Мериот имало и други средби, со Сашо Мијалков на пример, најповикан е да одговори Христијан Мицкоски.

Зошто од толку хотели во земјава, во главниот град, се организираат партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ и УМС токму во Мериот нека ценат граѓаните.

Можеби поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијаков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ?

Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука и целата нервоза и паника во белиот дворец по донесената пресуда за предметот „Тврдина-Таргет“. Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на режимот, не успеаја намерите да ги спаси од одговорност.

Правдата и силната реакција на институциите го спречија сценариото на Мицкоски, Груевски и Мијалков.

Правдата е тука, законите важат за сите подеднакво, Мицкоски е поразен и од правдата и од граѓаните. – вели Васев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e