Вархели: Пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да почнат напролет

Пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да почнат напролет. Изјави Комесарот за проширување, Оливер Вархели откако пристигна на состанок на Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи во Брисел.

Според него министрите за надворешни работи на Европската Унија се состанале со дипломатите од Северна Македонија и Албанија пред состанокот на Советот на ЕУ во Брисел.

“Дебатата беше охрабрувачка. Изгледа дека ќе можеме да одиме напред и да ја исправиме грешката направена во октомври. Треба да ги започнеме преговорите за пристап со двете држави напролет“, рече Вархели.

Земјите-членки на ЕУ не можеа да се договорат за почнување на пристапните разговори со Албанија и Северна Македонија во октомври.

Франција услови  понатамошни чекори во процесот на пристапување во ЕУ, со реформа на самиот процес.

Новата Европска комисија треба да излезе со предлог за нова методологија за пристапниот процес до крајот на јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e