Вангеловски си префрлал пари за сместување во странство и транспорт на луѓе

Помалку од една недела пред да биде разрешен од претседателското место во Врховниот суд, Јово Вангеловски на својата сметка си префрлил 215.336 денари, или нешто над 3.500 евра за сместување, бидејќи патувал во странство. Сумата не е префрлена како една, туку како четири трансакции по 53.834 денари, пишува Локално.

jovo vangelovski patuvanja vo stranstvo

 

Вангеловски беше разрешен на 10 септември годинава, а четирите трансакции се направени на 4 септември, шест дена пред Судскиот совет на Република Северна Македонија да го разреши. Вакви траснакции, Вангеловски си направил уште две во оваа година, на 17 мај, кога на сметката му легнале 43.882 денари за сместување во странство и на 12 февруари, кога добил 37.890 денари, исто така за сместување.

rashodi jovo

Речиси 20.000 денари, на контото на Вангеловски биле траснферирани како „транспорт на луѓе“, во две различни трансакции, 11.140 денари на 12 февруари и 7.898 денари на 17 мај – истите датуми кога на неговата сметка легнале и парите за сместување во странство.

jovo transport

Јово Вангеловски, кој инаку е во кумство со поранешниот собраниски спикер, актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски беше разрешен од местото Претседател на Врховниот суд на 10 септември, по 2 години неуспех да се најде мнозинство за негово разрешување во Судскиот совет.

transport jovo

Целиот текст прочитајте го на Локално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e