Уставниот суд ја отфрли инцијативата на наставничкиот пленум

Уставниот суд ја отфрли и втората иницијатива за укинување на екстерното тестирање која во 2015 та ја поднесе Наставничкиот пленум. Мнозинството од Уставните судии сметаат дека иницијативата е стара и не е во спротивност со Уставот на Македонија.

Според професорот Душко Стојановски одлуката на уставниот суд е очекувана, бидејќи и покрај силната аргументација на учениците и наставниците против најкритикуваната реформа државата остана глува на нивнте барања.

„Сево ова произлегува од тоа дека оваа гарнитура никогаш не сака да признае дека направила некаква грешка , ниту пак да сослуша некого кога ќе укаже на тоа. Ова е уште ена од тие ујдурми како да се црпат пари од буџетот и се оправдуваат сретства и се прелеваат во приватни џебови“ – вели професорот Душко Стојановски.

На 28 декември минатава година, Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оспорување на ектерното која ја доставија професори од Битола во 2013 година.

Во меѓувреме Државниот испитен центар најави спроведување на екстерното за матурантите со кое ќе бидат опфатени 18.600 ученици од завршните години во средното образование. Поради продолжување на зимскиот распуст, екстерно проверување на постигањата на учениците ќе се спроведе од 30 јануари до 3 февруари 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e