Урсула фон дер Лејен и Давид Сасоли изразија задоволство за датумот за почеток на преговорите со ЕУ

Одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија претставува одлични вести за Западниот Балкан и за Унијата, оцени претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

– Одлични вести за Западниот Балкан и за ЕУ. Јас сум задоволна што земјите членки дадоа зелено светло за почеток на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија. Се надевам дека лидерите на ЕУ ќе ја одобрат оваа недела. Иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Честитки до Еди Рама и Оливер Спасовски, објави Фон дер Лејен на Твитер.

1

Одлуката на министрите за европски прашања за почеток на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија, претставуваат добри вести во овие тешки времиња, оцени претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

– Некои добри вести во тешки времиња: министрите за ЕУ прашања рекоа ОК за пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија. Лидерите треба да го потврдат тоа. Европскиот парламент отсекогаш ја поддржуваше европската иднина на Западниот Балкан. Ни требаат силни врски со соседите, сега повеќе од кога и да било досега, објави Сасоли на својот налог на Твитер.

2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e