Твитер „балоните“ сѐ уште не влијаат врз изборните резултати

Кога на избори би се добивале гласови соодветно на бројот на твитови и споделувања, тогаш коалицијата на СДСМ би требало да има барем двапати повеќе мандати од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, тоа што се случива во меурите на социјалните мрежни, секогаш нема свој одраз во реалниот живот.

На изборите што се одржаа на 15. јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса освои 46 пратенички мандати, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби 44 мандати, ДУИ освои 15 пратенички места, коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива 12 мандати и Левица доби две пратенички места, а ДПА едно.
Сите други партии, вклучително и Твоја, не влегоа во новиот состав на законодоавниот дом. Специфично на овие парламентарни избори беше што поради ограничувањата за собирите и предизборните митинзи поради пандемијаа со корона вирусот и избегнувањето на големи групни собрири, партиите очекувано, добар дел од рекламните и пропагандните содржини ги приспособија и ги пренесоа на социјалните мрежи, во надеж дека така полесно ќе дојдат до електоратот.
Компаративната анализа на „твитањето’ на кандидатите и на политичките партии за време на предизборната кампања, како и употребата на хаштазите што за БИРН за спроведе Фондацијата SHARE, покажува неколку карактеристики.
Кампањата на Твитер доминантно ја водеа двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повлекувајќи со себе лавина од реакции.
Следејќи ги нивните официјални хаштази, односно клучни зборови, како сдсмовските „Можеме“ и „Се грижиме“ и вмровските „Одбери обнова’ и „Исправи се Македонијо“ може да се заклучи дека првите доминираа.

Клучните зборови (хаштази) на коалицијата „Можеме“ може да се идентификуваат во повеќе од 5,6000 твитови, а оние, пак, на ВМРО-ДПМНЕ , односно коалицијата „Обнова“ во двојно помалку, односно нешто повеќе од 2,100 твитови.

Целото истражување прочитајте го на ПРИЗМА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e