Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје вчера во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
Идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.
„Слободен печат” пишува дека осомничениот за палењето на возилата на стомакот имал тетоважа со ликот на рускиот претседател Владимир Путин, кого го сметал за идол и херој.
Според информациите на порталот, мотивот за инцидентот не е поврзан со Бугарија, туку сторителот наводно се изнервирал зашто на некоја телевизиска репортажа видел дека возилата се паркирани непрописно, фатил автобус од Драчево, дошол во Центар и ги запалил возилата.
