(ВИДЕО) СТОЧАРИТЕ ОД ДЕЛЧЕВСКО НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТИ Поради ниската откупна цена на млекото

Наместо да го истураат на улица, сточарите од делчевско најавуваат дека млекото ќе го подарат на случајни минувачи за време на протестот што го подготвуваат поради ниската откупна цена. Револтот кај производителите, велат од ден на ден е се поголем, а поддршка за протестот добиваат од сточари од други општини и населени места.

Сточарите предупредуваат дека без конкретни мерки и подобри услови за работа, сточарството се соочува со сериозни предизвици. Посочуваат дека се повеќе млади луѓе но и повозрасни на над 50-тата година, ја напуштаат државата во потрага по подобар живот и посигурна егзистенција.

Поеќе од прилогот на Телевизија М Нет:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e