ТВ дуел: Заев-Мицкоски во „Само Вистина“ на Канал 5 – вторник во 18:30!

“Дами и господа, наши сограѓани, дојде и тој ден.

ДЕНОТ НА ЧИСТАТА ВИСТИНА…САМО ВИСТИНА.

Двајцата најмоќни, но и најхаризматични  лидери конечно ќе ги вкрстат копјата пред телевизиските камери.

Првиот, лидер на владејачката СДСМ и Премиер,

Вториот, прв човек на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев, 44 години, економист, и прв најмлад градоначалник на Струмица.

Христијан Мицкоски, 41 година, професор, и најдобар дипломиран студент на машинскиот факултет за 2001 година

Толку ли беше тешко двајцата највлијателни политички фигури, Заев и Мицкоски да почнат да комуницираат, а сега и јавно да се соочат?

Ќе бидат ли предводници на еден нов, реален бран на политичко , но и цивилно помирување?

Зошто за Мицкоски, политиката на Заев и СДСМ е предавничка, а какво пак однесување треба да има Мицкоски, за да му покаже на Заев политичка конструктивност?

Ќе им бидат ли 120 секунди доволни за секој одговор, реплика, контрареплика, дискусија па можеби и кавга?

Ќе си фрлаат ли „отровни стрелички“ еден кон друг, или ќе ни демонстрираат ново политичко џентлменство во Македонија?

ТВ дуелот за Заев и неговиот тим претставува  јавен и отворен судир на идеи и концепти на двете најголеми партии, а во таборот на Мицкоски се среќни што ќе може да се говори за загрозените слободи и права, како и изневерените очекувања од Владата.

Кој ја отвори Пандорината кутија, а кој е вистински флексибилен лидер?

Кој е автор на т.н. „македонско сценарио“, а кој остава можноста граѓаните во вториот круг од пркос и револт да бојкотираат?

Некој е на „терен“ , некој е пак во Брисел, но кој прашува – каде сме ние, граѓаните на оваа преубава земја?

Одговорите, пред 2 милионска публика ќе ги дадат токму тие – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, во Само Вистина во Вторник, 26ти март, во ТВ ДУЕЛОТ НА ДЕЦЕНИЈАТА” – стои во најавната шпица на КАНАЛ 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e