Тупанчевски: Состојбите во судството се поместуваат во позитивна смисла

Состојбите во судството, можеби бавно, но се поместуваат во позитивна смисла. Сведоци сме дека постои одговорност кај судиите и кај јавните обвинители, а регулаторните тела, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители покажуваат реактивирање или реализација на нивната надлежност, смета министерот за правда Никола Тупанчевски.

Зборувајќи за довербата во правосудството, Тупанчевски, рече дека сме сведоци дека постои одговорност и за судии и за јавани обвинители.

-Кога станува збор за Советот на јавни обвинители, можам да кажам дека веќе се пополнети две места. Беше избран виш јавен обвинител во Битола и виш јавен обвинител во Штип. Зборуваме за две сериозни функции и овој процес по некоја стагнација, значи поместување на позитивна смисла на зборот, рече Тупанчевски во вечерното гостување на дневникот на Сител.

Тој додаде дека јавните обвинители се и на потег при избирање на нов јавен обвинител за организиран криминал. Како што рече, над 160 обвинители самите треба да одлучат кој ќе биде новиот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Во однос на случајот со Вилма Рускоска, Тупанчевски рече дека постапката се уште не е завршена, се има различни перцепции за тој не ја завршил работата, и напомена оти треба да ги почекаме институциите да се прознесат до крај.

На прашање во врска со одлуката на Управен суд која се однесува на регистрацијата на Здружението „Млади за Македонија”, кое било оспорено со решение од претходниот министер бидејќи го содржи терминот „Македонија” во својот назив, Тупанчевски рече оти треба да се почитува одлуката на Управниот суд, бидејќи неизвршување на судска одлука претставува кривично дело.

-Неизвршување на судска одлука претставува кривично дело, така што без разлика дали е донесена од Управен суд или од друг суд, нејзиното неизвршување има инкриминирачки карактер. Во таа насока, секогаш треба да се почитува одлуката на судот, додаде министерот Тупанчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e