„Тука живеам, одлучувам, постојам“ – кампања за пописот 2021

„Тука живеам, одлучувам, постојам“ е слоганот со кој почнува кампањата за пописот во државава, што го спроведува Државниот завод за статистика, а ќе ги опфати сите заедници во државата. Кампањата е креирана и спроведена од Агенцијата за остварување на правата на заедниците во земјава, со финансиска поддршка од Европска Унија.

Директорот на Агенцијата, Еран Куртиш посочува дека сите етнички заедници се важни и придонесуваат за социо-економскиот, културниот, правниот како и политичкиот раст на Република Северна Македонија. Затоа, како што појаснува, важно е на пописот да покажеме дека ние тука живееме, одлучуваме, постоиме.

Според Агенцијата најважно е на овој попис малубројните заедници да покажат дека можеме сите заедно да ги креираме политиките во државава.

– Затоа е многу важно да се почитува Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија со кој се уредува остварувањето, унапредувањето и заштитата на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 проценти, а се загарантирани со Уставот, како и надзорот над спроведувањето на одредбите на овој закон и законите со кои се утврдени тие права, додава Куртиш.

Во кампањата како претставник на турската заедница е вклучена студентката Елиф Илијаз, од влашката заедница новинарката и уредничка Јана Михаилова, од ромската заедница студентката Џемилиана Абдулова, од бошњачката заедница правничката Мерсиха Смаиловиќ, од српската заедница преведувачот Стефан Радуловиќ, како и Мирољуб Орландиќ кој е претседател на Мрежа за мултикултурно општество.

– Република Северна Македонија е мултикултурна држава. Во неа живеат многу различни етнички заедници, кои зборуваат на многу различни јазици и за нив пописот е важен. На овој попис секој треба слободно да си ја искаже својата етничка припадност. Тука живеам, одлучувам, постојам, истакна Орландиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e