ТРИПУНОВСКИ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ШИРИ ЛАГИ И ДЕЗИНФОРМАЦИИ Дополнителниот заменик од ВМРО-ДПМНЕ во земјоделие доби лекција во неколку чекори

Дополнителниот заменик министер за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски при посетата во Свети Николе обвини дека дури 88 договори за продолжување на закуп на земјоделско земјиште, иако според него биле уредно и навремено доставени до МЗШВ, истите од необјаснети причини не се продолжени од страна на министерството.

На ова обвинување од Трипуновски, министерот за земјоделство Љупчо Николовски побара од дополнителниот заменик министер да престане да споделува лаги и дезинформации на грбот на земјоделците.

– На земјоделците можете да им помогнете исклучиво ако пратениците на Вашата ВМРО – ДПМНЕ ја свикаат Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во Собранието, го стават законот на дневен ред и ги гласаат измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште, потенцира Николовски.

Ова е одговорот од министерот Николовски:
ЗА ДА ГИ ПРОДОЛЖИМЕ‼️
Дополнителен заменик министер Трипуновски, за Ваша едукација и во интерес на точно информирање на јавноста во однос на постапката за продолжување на договорите за закуп, Ве известуваме дека согласно Законот за земјоделското земјиште е следната:
1.Поднесување на барање од страна на закупецот до Министерството во рок од шест месеци пред истекот на времетраењето на договорот за закуп.
2.Донесување на решение за престанување на важноста на договорот, со тоа што договорот престанува да важи со истекот на времето за кој што е склучен.
3.Предавање/одземање на владението на земјоделското земјиште предмет на договорот за закуп.
4.Доставување на предлог одлука до Владата за давање на согласност за склучување на нов договор за закуп со непосредна спогодба.
5.Донесување на Одлука за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со непосредна спогодба од страна на Владата.
6.Склучување на нов договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
7.Стапување на сила на договорот со воведување на закупецот во владение.
❌Престанете да споделувате лаги и дезинформации на грбот на земјоделците. На земјоделците можете да им помогнете исклучиво ако пратениците на Вашата ВМРО – ДПМНЕ ја свикаат Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во Собранието, го стават законот на дневен ред и ги гласаат измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e