Трибина на СДММ: Градимe систем на заштита и санкција за родово базираното насилство

Во организација на СДММ, по повод меѓународниот ден на жената 8 Март, организираше јавна трибина на тема “Безбедноста на жените во дигиталниот простор, моја слика мое право”, на која се зборуваше за родовата еднаквост и превенција и санкција за насилството врз жената на којашто учествуваа потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, Ана Колева, активистка во случајот Јавна соба и Наташа Димитровска, експертка за родови прашања.

Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, како модератор на трибината, истакна дека со зголемната употреба на технологијата и активноста на социјалните мрежи, се повеќе жени и девојки се жртви на родово базирано насилство и не се чуствуваат безбедни во дигиталниот простор и дека токму затоа потребно е да се гради систем кој гласно се спротивставува на дискриминацијата, нееднаквоста, насилството.

“Потребно е да градиме систем кој ги заштитува жртвите, ги казнува насилниците и се залага за унапредување на родовата еднавост, и систем кој ги учи младите на почит, солидарност и рамноправност”, рече Михаиловски.

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска истакна дека за да се постигне рамноправно општество во целост потребен е систем на заштита, како и систем на едукација паралелно и на момчиња и на девојчиња.

“Родовата рамноправност е добробит за сите, затоа што таа не е борба меѓу девојчињата и момчињата или мажите и жените и едните и другите имаат рамноправна положба да дадат максимум во реализација на своите знаења, вештини и само такво општество може да биде развојно и прогресивно, рече Царовска и додаде дека главен столб на новата концепција на основното образование е токму родовата рамноправност, инклузивноста и мултикултурата, затоа што тие вредности се граѓански, цивилизациска придобивка и се европски стандард.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, беше дециден дека “Јавна Соба” е кривично дело и токму затоа реагираше обвинителството и има лица лишени од слобода на кои им е определен притвор.

“Институциите дејствуваат со цел ваквите настани повеќе никогаш да не ни се повторат. Кривичниот законик се либерализира и добро е што измените во центарот ја ставаат заштитата и правата на жртвата и ги прецизираат делата од родово базирано насилство,”истакна Маричиќ, додавајќи дека се воведуваат кривичните дела демнење и полово вознемирување.

Ана Колева, девојката која се охрабри и јавно проговори за случајот “Јавна Соба”, кажа дека нејзината јавна реакција била со цел сите да слушнат што се случува и што може да се случи и какви може да бидат последиците.

“ Тоа што ти се случува тебе, може и се случува и на друга деојка која е до тебе, а ти не знаеш. Затоа е важно да се зборува јавно и гласно. Победи го стравот и не срами се од тоа што некој друг тебе ти го направил. Секоја девојка која има проблем треба јавно да сподели, да слушнат сите што може да се случи и кои се последиците , дека може да се психички или физички, може да си некој и да си наштети”, рече Ана.

Насилството произлегува од стереотипите, образложи на јавната трибина експертката за родови прашања, Наташа Димитровска и нагласи дека е потребна едукација во таа насока почнувајќи од градинките за родовата еднаквост, за почит едни кон други и едукација во медиумите, полициските службеници како првите лица кои се во контакт со жртвата, како и на правниот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e