Тимоние – Мурати: Франција ќе го поддржи Уставниот суд

„Правната држава има клучна улогa во интегративниот процес на земјата во ЕУ“, порача францускиот амбасадор Кристијан Тимоние по средбата со претседтелот на Уставен – Сали Мурати.

– Франција ќе го поддржи Уставниот суд да може што подобро да се вклопи, како во политичкиот живот, така и во самото општество на Северна Македонија, изјави Тимоние.

На средбата, исто така, било зборувано за соработката во областа на франкофонијата.

Претседателот на Уставен, Мурати изјави дека му е чест и задоволство што има гостин од пријателска земја.

– Ние до сега сме имале одлична соработка со францускиот уставен совет. Со оваа средба сакаме да продолжи и да се продлабочи нашата соработка, вели Мурати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e