„Тиквеш” почна да потпишува договори со лозарите за откуп на грозје

Шеснаесет денари за килограм „вранец” и 12 за „смедеревка”, винарницата „Тиквеш” почна со потпишување договори со лозарите за откуп на грозје.

Светозар Јаневски, претседател на Управен одбор во винарницата, рече дека ова се рамковните цени коишто се поголеми од минатогодишните за килограм грозје од најзастапените вински сорти на грозје. Иако, како што нагласи, „Тиквеш” секогаш плаќа повеќе од договореното, имајќи ја предвид шеќерноста и други параметри.
Јаневски се осврна на долгогодишната соработка со лозарите. Говореше за критериумите за производство на што поквалитетно грозје. Тој кажа дека зависно од квалитетот, постојат повеќе категории на цени.
-Сметаме на вас, едни на други сме си партнери за соработка. Ние без вас не можеме, им рече Јаневски на присутните производители на грозје.
Тој кажа дека и понатаму ќе ги поддржуваат лозарите, обезбедувајќи им препарати со пониски цени, стручни совети и едукација.

На средбата беше кажано и тоа дека има можност покрај на рати, исплатата да биде и во рок на седум дена, под посебни услови.
Се очекува да бидат потпишани над две илјади договори и откуп на повеќе грозје од лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e