Тевдовски: Свесни сме дека платите во Македонија треба да бидат повисоки

Платите во Македонија растат. Просечната плата во март е зголемена за 5,6 отсто во споредба со март минатата година, а за 5 отсто е зголемена во првите три месеци од годинава во споредба со првите три месеци од 2017, рече денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Како што рече Тевдовски растот на просечната палта пред се се должи на зголемената минимална плата.

-Зголемувањето на минималната плата доведе околу 90.000 вработени да имаат поголеми плати – рече тој.

На новинарското прашање дали платите се повисоки само на хартија, затоа што граѓаните го немаат почувствувано тоа Тевдовски одговори дека податоците се добиени од Управата за јавни приходи.

-Свесни сме дека во Македонија платите треба да бидат повисоки. Имаме сериозни мерки за поддршка со цел платите да растат а фирмите да ја зголемуваат продуктивноста. Нашата цел е луѓето да бидат вработени, а мерките да не предизвикаат спротивен ефект – додаде тој.

Инаку со просечна плата од 383 евра, Македонија е на дното во регионот. Просечната во БиХ е 440 евра, во Србија 422 евра, во Црна Гора 512 евра, во Хрватска 832 евра, Словенија 1.077 евра, Бугарија 457 евра.

Подраматични се споредбите со најмноќните држави во Европа. Во Велика Британија просечната плата е 1.990 евра, во Франција 2.157 евра, во Германија 3.771 евра, Италија 1.758, Австрија 2.324, Данска 3.270 евра.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e