Тетовските гимназијалци во знак на протест со настава на градскиот плоштад

Околу 250 тетовски гимназијалци ќе држат настава на градскиот плоштад во знак на револт поради несоодветниот простор во кој тие треба да учат.

„Денеска е почетокот на новата учебна година за тетовските гимназијалци. Најпосле нели? По макотрпното кршење копја околу обезбедување на училишен објект кој ќе ги прими учениците од македонски наставен јазик при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ решението е донесено настава да се изведува на градкиот плошад во Тетово.

Ова е единствена алтернатива што може да се прифати од страна на учениците, професорите и родителите, во интерес на континуираноо следење на зацртаниот наставен план и програм за оваа година. Теута, Пиштар, Спиро повикувате да се реши проблемот или имате отолошки здравствен проблем или пак психички, трето нема“, се вели во соопштението од Советот на родители при гимназијата Кирил Пејчиновиќ.

Оттаму го прашуваат заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, дали според Кембриџ програмата за која тој најавува дека од следната година ќе се реализира и во средните училиша е предвидено настава да се држи на отворен простор и дали оценувањето на ученикот ќе биде според неговиот капацитет на изржливост на ниски температури.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e