Тешка сообраќајка кај Подмоље, еден загинат

Жител на охридското село Оровник на возраст од 39 години загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу шест часот на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на бензинската пумпа Бесјани Петрол кај село Подмоље.

Според информациите од СВР Охрид, несреќата се случила кога автомобил „пежо“, којшто го управувал сега загинатиот, од засега непознати причини преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во возило „хјундаи“, управувано од педесет и петгодишен охриѓанец.

Возачот на „пежото“ бил пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо во Охрид каде им подлегнал на повредите.

Сообраќајот се одвиваше отежнато со пропуштање на возилата по една коловозна лента поради увидот кој се вршеше.

Фото: OhridNews

Извор А1он(линк)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e