Телефонски кабел му го спаси животот на четири годишно дете кое паднало од седми кат во скопски Аеродром

4 годишно девојче утрово падна од прозорец од седми кат од зграда на улицата Владимир Комаров во населбата Аеродром.

За среќа падот го ублажил разгрането дрво и телефонски кабел. Во моментов се наоѓа во животна опасност. Според очевидците девојчето дома било само бидејќи мајка му го оставила и отишла да плати сметки во банка. Наведнувајќи се на прозорецот паднало од зградата од седмиот кат но се заплеткало во гранки од дрво и паднало врз телефонски кабел кој го амортизирал падот.

Друга среќна околност велат сведоците е тоа што девојчето не паднало на глава туку на страна поради што има скршеници на градниот кош и карлицата. Од МВР известуваат дека случајот бил пријавен во 10,45 часот и дека со тешки телесни повреди е префрлено во Ургентниот центар. Девојчето до пред два три месеци живеело со баба му која го чувала но по нејзината смрт живее само со мајка му. Полицијата го испитува случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e