Тараври му одговори на Заев преку својот Фејсбук профил

Поранешниот министер за здравство, секретар на Алијансата за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Травари на социјалните мрежи му возврати на премиерот Зоран Заев за изјавата во нтервјуто за Алсат дека само Таравари можел да го гушка Мицкоски во Гостивар.

„На Мурто Амнестија не му пречи бегството на Груевски, ниту слободата на Велјановски, ниту затворот на Фета Алими, запнал со Гостивар“, напиша Таравари на Фејсбук.

Премиерот во емисијата „360 Степени“ рече дека „Мицкоски веројатно не го препознал Таравари, може тоа Таравари го гушкал”.

„Дај Боже да дочека Албанците да го гушкаат, но за тоа треба да го промени својот наратив прифатен од неговиот претходник. Веројатно не го препознал, или Таравари бил, или некој од неговиот тим”, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e