Тахири: Зголемен рејтинг на СДСМ поради успешното справување на Филипче со пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја повтори грешката од 1994 со бојкот, очекувам избори на 5 јули

Универзитетскиот професор Сефер Тахири во дебата на „360 Степени“ зборуваше за кризата со корона-вирусот и можниот датум за одржување парламентарни избори, како и за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ би се одлучиле за бојкот на изборите имајќи во предвид дека и финансирањето на партиите е врзано со бројката на пратеници.

„Вистина е дека парите се важни иако овие пари јас сум категорично против тоа ние како сиромашна држава, држава со здравствена и економска криза да им ги дадеме на политичките партии за луксузни кампањи со многу пари, но тоа е друго прашање. Мислам дека главниот мотив на ВМРО-ДПМНЕ не е во оваа точка. Јас мислам дека двете партии, секако не го негирам, затоа што и тие се луѓе, а особено дека се политички лидери кои треба да се одговорни и мислам дека имаат одговорност за општата состојба, значи не негирам дека и тие се загрижени и се заинтересирани за здравјето на граѓаните, но пред се мислам дека мотивите се чисто партиски и политички. Ние сме свесни дека во овој период на пандемија имаше замрзнување на сите политички активности и тоа беше нормално, и во оваа насока имаше и условно речено, голема пасивност од ВМРО-ДПМНЕ.

Зборувам за политичка пасивност во смисла на партиски ангажман, затоа што таа преку министерот за внатрешни Наќе Чулев во техничката Влада имаше некои моменти кога излегуваа на сцена, но јас мислам дека од тоа што сум следел, 70 до 80% од просторот за информација и на јавниот простор за пандемијата и за економското справување на ситуацијата и мерките што се преземаат, го имаа Владата и владејачките партии. Затоа, поради успешното справување на министерот за здравство со оваа пандемија има видно зголемување на рејтингот на СДСМ и секако, секоја партија сака да оди на избори кога резултатот би бил најдобар. Затоа сега СДСМ инсистира што поскоро да оди на избори зашто нејзиниот рејтинг благодарение на министерот за здравство, но без да ги заборавиме и другите актери кои се активни во справувањето со ситуацијата, министерот е само една личност и целиот систем кој се раководи од Влада, колку и да е таа техничка, ние знаеме дека оваа партија заедно со другите партии се носители на власта.

А од друга страна предноста што ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, односно високиот рејтинг што го имаше ВМРО-ДПМНЕ пред пандемијата во однос на СДСМ или резултатите од анкетите кои покажуваа предност на едната и на другата, сега веќе ја нема како последица на ова првото што реков. …сега веќе опаднало тоа како резултат на првово што го кажав и затоа ВМРО-ДПМНЕ инсистира по секоја цена да не се одржат изборите во јуни, а можеби и за почетокот на јули. Јас мислам и со ова ќе завршам, дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш во историјата нема да ја направи големата политичка грешка, дури можам да кажам и историска за оваа партија, а можеби и за целата држава, но ова е поопширна анализа, за да ја повтори 1994 година, кога ги бојкотираше изборите оправдувајќи се дека тогашната коалиција Сојуз за Македонија, предводена од СДСМ ги манипулира изборите и знаеме дека беше фатална грешка за оваа партија, призната и од самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, и главните актери на политиката на ВМРО-ДПМНЕ. И јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш, а особено во оваа ситуација во која што е нема да одлучи за бојкот. И ако им се понуди 5 јули мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на избори“, вели Тахири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e