Тахири: Парадокси – СДСМ вели дека има услови за избори ама е за карантин за Бајрам, а ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови за избори, ама и дека не треба карантин

Универзитетскиот професор Сефер Тахири во дебата на „360 Степени“ зборуваше за кризата со корона-вирусот и можниот датум за одржување парламентарни избори.

„Сакам да дадам кратка проценка околу тоа што јас го нарекувам…дека ние за жал сме држава на парадокси и во оваа смисла, сакам да направам вовед за да стигнам до одговорот со тоа што, би рекол дека…СДСМ, главната партија на власт оценува дека има услови за одржување на изборите и дека тие ќе се создаваат, во меѓувреме заедно со ДУИ е поддржувач на мерките што би се презеле за карантин за време на празникот Бајрам.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ која инсистира и постојано го повторува, но дава и нејзини аргументи дека никако нема услови за одржување на изборите во оваа фаза и не ги поддржува мерките за карантин. Јас ценам дека овде многу се прави политика со ковид 19, на некаков начин се обидува и оваа пандемија која ја зафати и нашата земја, за жал последните денови и со поголем удар, се обидува да се користи политички. Јас оценувам дека двата блока треба да имаат порационален пристап. Ова значи дека и СДСМ треба да отстапува од своите ставови исто како и ВМРО-ДПМНЕ и мислам дека, бидејќи се вели дека и на ДИК му требаат неколку дена за да ги верифицира гласачките списоците и да ги направи сите подготовки, мислам дека на власта и припаѓа затоа што партиите на власт се секогаш оние што треба да ги преземат политичките чекори во насока на поддршка на барањата на опозицијата и треба да понудат друг датум, што во овој случај според мене би бил 5 јули за да се создаваат потребните услови и инфраструктурни и законски, но секако и потребните подготовки да се направат од страна на партиите со цел овие избори да се одржат со тоа што ВМРО-ДПМНЕ би прифатила и би отстапила од нејзиниот забарикадиран став со тоа дека изборите мора да се одржат во август затоа што тоа е ситуација во која ние сите живееме и не може да се согласиме со фактот дека сме во пандемија, со соочуваме со вирус и тој треба да не парализира сите.

Вистина е дека ние ќе живееме со вирусот ковид 19, но во оваа насока треба да живееме и политички затоа што не треба да дозволиме пандемијата да ја оневозможува демократијата, да го оневозможува функционирањето на политичкиот систем, институциите и во оваа насока мислам дека на власта и припаѓа да ги направи овие чекори, додека ВМРО-ДПМНЕ сметам дека и покрај повиците што ги има, нема да одлучи за бојкот и овој датум што го истакнувам на јасен начин би бил прифатлив и за партијата на Христијан Мицковски. Причините се различни зашто двете партии се обидуваат сега да има избори, а другата партија, односно ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се одложат изборите“, вели Тахири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e