СВР Велес заплени над 88 килограми марихуана

На локалниот пат Велес- Башино Село на 6 август полицијата сопрела автомобил „волксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.А.(37) од Скопје.

При извршениот претрес на возилото, биле пронајдени 178 поголеми пакувања со травкаста материја. По завршеното вештачење било утврдено дека пронајдената материја била наркотична дрога марихуана во вкупно количество од 88 килограми и 771 грама.

Осомничениот С.А. бил приведен во СВР Велес и со него бил извршен разговор во кој истиот појаснил дека пронајдената дрога ја земал од две засега непознати лица од Косово, и незнаејќи ја содржината на вреќите и куферите тргнал кон Гевгелија.

Како што изјавил, за транспортот на пријавениот требало да му бидат исплатени од 2.000 до 3.000 евра. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот С.А. определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e