Светски познати уметници ќе направат прошетка низ МСУ за медиумите

Изложбата „Се што ни е заедничко“ ќе биде отворена вечерва во Музејот на современата уметност.

Во рамки на поставката со свои дела, уметнички инсталации, видеа, скулптури, перформанс и фотографии ќе се претстават 12 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри низ светот како Тејт, Гугенхајм, Мома Њујорк…

Предходно за сите заинтересирани новинари петмината светски уметници, кои пристигнаа во Скопје Антон Видокле, уметничкиот колектив „Что делат“ (Дмитри Виленски и Николај Олеиников), Џулиета Аранда, Артур Жмијевски и Даниел Гарсиа Андухар и тројцата македонски уметници Христина Иваноска, Нада Прља и Ѓорѓе Јовановиќ ќе направат организирана прошетка низ музејот и секој од нив ќе даде кусо објаснување за концептот и значењето на своето дело.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e