Сугарески: Над 70 милиони евра за патно поврзување со Бугарија

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска најави изградба и реконструкција на поголем број патишта во кумановскиот регион, при што истакна дека за патното поврзување се планираат околу 70 милиони евра, дел за изградба на експресни патишта и дел за реконструкција на патишта.

– Конкретно, ќе се гради експресниот пат Ранковце–Крива Паланка, како и продолжувањето од Крива Паланка до Деве Баир, изјави Сугарески при посетата на Куманово.

Тој најави дека ќе се реконструираат патиштата до селата Опае и Никуштак, а во општина Куманово ќе се вложува и во водоводна и канализациска мрежа за што за годинава општината подготви проекти за кои има на располагање 1,5 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ). Куманово е посочено како пример во искористување на финансиите од таа банка, а Сугарески се надева дека во соработка со општините ќе се најде начин како да се искористат преостанатите 16 милиони евра што се на располагање од ЕИБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e