Судот денеска треба да одлучи дали вештачењето во „Тендери“ ќе биде доказ против Канческа-Милевска

На денешното рочиште во предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство, судијата Осман Шабани треба да се произнесе по приговорите на одбраната која бара да биде отфрлено вештачењето, кое пак претставува круцијален доказ на кој се темели обвинението.

Во овој предмет е обвинета поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска за злоупотреби со тендерот за изведување на градежните работи во Музејот на ВМРО, како дел од проектот „Скопје 2014“.

На последното рочиште адвокатите Сашо Дуковски и Еленко Миланов реагираа до Судот во врска со вештачењето од „ЕОС консалтинг“, оценувајќи го како необјективно и побараа да се издвои од останатите докази. Вештачењето изработено на 700 страници е потпишано од Страхил Глигоровски.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ