Странските медиуми со оценка дека С.Македонија го исполнува зеленото сценарио на ЕУ со инвестицијата од 500 милиони евра

Големата инвестиција на германската ВПД во ветерна електрана во Северна Македонија, која ќе произведува 450 мегавати чиста и зелена енергија, главна тема во повеќе светски медиуми.

Ројтерс пишува дека Владата на Северна Македонија прави сериозни чекори кон исполнување на зелената стратегија на ЕУ за целосна замена на јаглените електрани до 2030 година и напоменуваат дека оваа инвестиција е крупен чекор кон остварување на таа цел.

-Ветерниот парк “Вирови” е стратешки проект на владата, кој ќе помогне во транзицијата од производство на енергија доминантно од јаглен кон зелени извори, додавајќи 400 мегавати на планиратени 700 мегавати, пишува Ројтерс.

Тие во својот текст, исто така додаваат дека Владата нема да го субвенционира овој проект, туку само ќе помогне на германската ВПД за полесно завршување на потребната документација, а вредноста на инвестицијата е над 500 милиони евра.

Инаку, премиерот Зоран Заев вчера го најави овој ветерен парк со 69 ветерници кои ќе обезбедуваат чиста и зелена електрична енергија за повеќе од 290 илјади домаќинства во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e