Стојан Миланов ќе гласа по сопствено убедување, не според одлуката на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на Социјалистичката партија на Македонија, Стојан Миланов, во изјава за  „Макфакс“  вели дека тој ќе гласа самостојно, онака како што тој одлучил. Миланов тврди дека донел одлука, но ќе ја презентира на денот кога ќе се гласа за измена на Уставот. Тој во изјавата повтори дека договорот со Грција е неприфатлив.

Прашан дали може да постапи спротивно на ставот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои одлучија да не поддржат уставни измени, Миланов вели дека тој одлучува според сопственото убедување. Пратениот на СПМ не потврди дека ќе гласа „против“ или, пак, „за“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e