„Македонскиот портал www.kurir.mk е очигледен обид за манипулирање на јавноста“, пишува срски „Курир“, предупредувајќи дека зад „оваа неуспешна копија стојат политичари“: „Сопственик на оваа македонска копија е фирмата ЕМ Медиа Д.О.О. од Скопје која е поврзана со Сашо Мијалков, поранешниот шеф на македонската тајна служба – Управата за безбедност и контраразузнување.“
Српскиот „Курир“ потсетува дека „Мијалков на јавноста во Србија и е познат по апсењето на белградскиот аеродром Никола Тесла бидејќи во багажот носел пиштол“.
Фирмата која стои зад српскиот „Курир“ информира дека во наредниот период ќе ги преземе сите правни механизми пред македонските и меѓународните судови за да го заштити од злоупотреба името „Курир“.
Оригиналниот напис прочитајте го тука