До средината на декември нов Закон за амнестија за 27 април

До средината на декември Комисијата за помирување за собраниските инциденти ќе излезе со нов Закон за амнестија. Вакво законско решене најави и членот на ова собраниско тело од редовите на независната пратеничка група, Емилија Александрова.

За ВМРО-ДПМНЕ селективен закон за учесниците во ланските инциденти е неприфатлив.

За СДСМ помирување е потребно. Очекуваат координативното тело да понуди модел.

Неофицијално, собараниското тело за помирување ќе бара начини и за директните и за индиректните учесници во инцидентите. За првите преку Закон за амнестија за вторите со преиначување на кривичното дело  терористичко загрозување на уставниот напредок и безбедност за кои се водат судски постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e