Средбата кај Пендаровски потврдена од лидерите

Претседателот Стево Пендаровски потврди дека во недела ќе одржи средба со лидерите на најголемите парламентарни партии. Пендаровски поканата ја испратил утрово, откако беше јасно дека Македонија нема да ги отпочне преговорите за влез во Европската Унија.

„Во името на нашата иднина ги повикав раководствата на најголемите политичките партии, за момент да ги остават настрана своите легитимни партиски интереси и сите заедно да ја реафирмираме нашата визија за иднината на земјата. За таа цел упатив покани за лидерска средба до претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата. Убеден сум дека токму сега е време да покажеме единство околу нашата стратешка ориентација, без разлика на легитимните политички разлики по многу прашања. Сакам да ја информирам македонската јавност дека од сите поканети добив позитивен одговор и таа средба е веќе закажана за в недела, на 20 октомври“, рече Пендаровски во обраќањето до јавноста.

Инаку денеска се мобилизираше и владата. Премиерот Зоран Заев, кој вчера се вратил од Брисел утрово имал средби на повеќе нивоа, а средби имало и во партиското седиште на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e