Средба на Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас: Австрија е една од најгласните и најголемите поддржувачи за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Заменик премиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска оствари средба со амбасадорот на Австрија во земјава, Георг Вуцас, на која што стана збор за активностите на Владата во наредниот период со фокус на исполнување на реформската европска агенда, за австриската поддршка на нашиот евроинтеграциски процес, како и за билатералната соработка.

– Австрија е една од најгласните и најголемите поддржувачи за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија и воопшто за политиката на проширување во контекст на регионот. Конзистентната и принципиелна австриска поддршка е од суштинско значење периодов за нашиот европски исчекор, истакна Димитров, при што изрази надеж дека во најскоро време ќе се изнајдат модалитети за билатерална соработка во рамките на австриската развојна помош со акцент на реформските приоритети.

Во овој контекст, како што соопшти Секретаријатот за веропски прашања, двајцата соговорници се заложија за продлабочување на билатералната соработка, како и преку Твининг и ТАИЕКС механизмите на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e