Спасовски за бегството на Игор Спасов: Тоа е надлежност на Министерството за правда

Прашан за бегството на лицето осудено за убиство на Мартин Нешковски, кој како осуденик не се вратил во казнено-поправната установа откако бил пуштен привремено на слобода, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски минформира дека потрагата по лицето Игор Спасов почнала откако полицијата била известена дека тој не се вратил во казнената установа.

– При издржувањето затворска казна МВР нема никаква надлежност, тоа е под Министерството за правда, КПД ги донесуваат одлуките по нивни проценки што треба да соодветствуваат на соодветни сознанија дали и во кои услови затворени лица треба и може да бидат привремено пуштани на слобода, рече Спасовски,

Тој посочи дека општеството не може да се справува со криминалот со ноншалантно однесување на институциите, независно дали се работи за обвинител, судија или раководител на КП установа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e