Спасов се бара со национална потерница

Министерството за внатрешни работи денеска распиша национална потерница по Игор Спасов, откако тој пред десет дена не се врати во затворот „Идризово“. Од МВР известија дека потрагата по Спасов почнала откако полицијата била известена дека тој не се вратил во казнената установа.

Спасов е осуден на 14-годишна затворска казна за убиството на Мартин Нешковски. Во јуни 2011 за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори, Нешковски беше брутално претепан од Спасов затоа што сакал да се качи на бината.

Спасов неколкупати беше повикан да сведочи и во рамките на истрагата СЈО за настанот.

spasov

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e