Спасов: Бранко Јаневски е симболот за расипаноста на Груевски

Груевски пак ќе ја користи подлоста на Бранко Јаневски

Бранко Јаневски е симболот за расипаноста на Груевски. Со години откако е со него во коалиција Јаневски е директор во Министерството за труд а на изборите со неговата Социјалдемократска партија излегува со носители двојници од листите на СДСМ. Во 2008 година ја имаше исткнато баба Рада Шеќерова во изборната единица еден кај што беше кандидирана Радмила Шеќеринска и други двојници во другите изборни единици. За таквите гадости Јаневски е редовно наградуван со директорско место во владите на Груевски. Овој пат, пак пријавил своја листа а во изборна едница три кандидатот му се вика Љупчо Николовски исто како и кандидатот на СДСМ. Овој изборен криминал не е само доказ за подлоста на Јаневску туку и за нечесноста на Груевски кој тврди дека секогаш само на чесен начин победувал.
Зарем е потребен друг доказ дека Груевски би го искористил секој подлец и платеник за да ги оневозможи граѓаните да се изјаснуваат на чесен начин за своите кандидати и партии.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов, поранешен министер за правда и амбасадор во Велика Британија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e