Собранието денес ќе ја одржи 119. седница

За денес во 15 часот е закажана 119 седница на Собрание на Р.Македонија.

Дневен ред:

1. Предлог на закон за дополнување на Законот за катастар на недвижности, по скратена постапка ;

2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното, по скратена постапка ;

3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство ;

4. Барање за давање на автентично толкување на член 368 став 1 од Законот за облигациони односи, поднесено од пратеникот Благоја Деспотоски (Поднесен од: Благоја Деспотоски)

5. Барање за давање на автентично толкување на член 10 став 4 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2011, 54/2011, 155/2012, 72/2013, 44/2014, 115/2014, 199/2014, 124/2015, 129/2015 и 217/2016), а во врска со член 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) и член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр.129/2015), поднесено од градоначалникот на Општина Струга

6. Предлог на одлука за именување на членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата;

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e