Синоличка Трпкова: Изгубив дете, мајка, здравје, но ваков олош од луѓе не сретнав

Реков нема да се правдам, а ова е за нештата да бидат појасни: Ја изгубив мајка ми на 23 год, во врвот на мојата кариера.

Околностите беа такви што останав сама и морав да правам работи што ме траснаа од земја. Потем го изгубив првото дете на породување. По кратко, починаа и дедо ми и баба ми со кои израснав. Кога го родив второто дете првиот сопруг си замина.

Бев самохрана мајка (семејството ме поддржа и помогна безрезервно како и секогаш)…па успеав да застанам пак на нозе. Да, имам втор брак и многу преселби и почнивања од нула.

И сум хронично болна од 2008 год. Ќора сум на едно око. Не, не се жалам ич.

Но, кога ќе го вадат „долниот“ веш, луѓето успеваат да изградат слики за мене, коишто немаат ама баш никаква допирна точка со мене. Секако имам направено грешки – сум ги давала и срцето и душата на луѓе коишто тоа не го почитувале.

И во сето ова морам да потенцирам – сум патувала и сум живеела на различни континенти, но таков олош од луѓе како овде – не сретнав.

Може е време куферите да се спремат. Ионака уште не сум дораспакувана од последнтата преселба.

Синоличка Трпкова – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e