Симовски: Овој попис и методологијата се во согласност со европските стандарди

Апостол Симовски, директор на Завод за статистика смета дека постојаното тврдење на опозицијата дека овој попис, закон и методологија не се во согласност со европските стандарди, паднало во вода минатата недела кога Евростат со јавна изјава на нивниот портпарол ги демантирал и потенцирал дека дека законот и методологијата се целосно усогласени со меѓународните стандарди.

Затоа, рече Симовски, не сакам повеќе да навлегувам во расправи кои се движат насока дека пописот не е согласно меѓународните стандарди и оти поради тоа остава простор за манипулација.

Тој во емисијата 24 Анализа говореше и за попишувањето на дијаспората, кое е овозможено на овој попис.
Нашата земја, рече Симовски, има голем проблем со одлив на граѓани и поради тоа мислиме дека иселениците треба да се попишат.
-Затоа сакаме во нашата земја да креираме политики тој одлив да се сопре да се створат подобри услови за да нема желба да се емигрира, и зошто да не да се створат услови дел од популацијата која емигрирала да почне да се враќа, рече Симовски.
Денеска почна првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.
Симовски истакна дека утре ќе има официјален податок колку лица се попишани во текот на денешниот ден. Утре, како што појасни, треба да бидат усвоени и здравствените протоколи согласно кои ќе се спроведе целосниот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e