За прв пат со нова развојна програма вкупно 133 регистрирани мали семејни производители ( по новиот правилник за флексибилност и за продажба од праг) денес добија договори за грант од 10 000 евра за набавка на опрема за модернизација на:
– производство на маџун, ајвар, слатко, мармалад, тартуф, ферментирана зелка, јаболков отцет, сок од јаболко, калинки, праски и аронија , на ладно цедени сокови и масло од сончоглед, компоти, џемови, органско овошје, јапонско јаболко, слатко од охридска цреша, балсамико;
– сушење на овошје и зеленчук, сушење и пакување сливи, вакумирање на пченка, замрзнување на јагоди, сушење луцерка, лупење лук и сечење кромид ;
– преработка на кајсии и капини, јаболка, круши, цреши, тикви, маслинки, црвен пипер, семе од афион и урми, ореви, зачини, лековити билки, рибизли, печурки;
– пакување лешници, бадеми, сушење костени, моркови, цвекло, компири, брашно…
Силна поддршка на македонското, тарадиционално, локално и домашно произвдоство како никогаш досега, напиша на Фејсбук министерот за земјоделство, Љупчо Николовски кој денеска лично ги додели 133-те договори со вкупна вредност од над 1,2 милиони евра.