Денес има авансна исплата на субвенциите, никогаш порано немало!
Денес има целосно неселективна, непартиска и објективна исплата на субвенциите, паметиме времиња кога немаше!
Денес руралната жена е видлива, горда и почитувана, некогаш беше потценета и невидлива!
Денес сме регионални лидери во искористеност на ИПАРД, некогаш некои политичари дозволија да газиме по црвената линија со ризик да ни биде одземен!
Денес имаме низа мерки и политики за секоја целна група посебно – скроени според нивните потреби, но паметиме и што значи отсуство на визија за модерно и одржливо земјоделство!
Денес бројот на малите семејни винарии доживува експанзија, порано се броеја на прсти!
Денес најмалите добиваат здрава, свежа и квалитетна ужинка од домашни одгледувачи, никогаш порано не добивале!
Денес имаме министер кој ги засукува ракавите и облекува чизми – ама на терен, меѓу земјоделците, наспроти некои примери од минатото кои декларативно “засукуваа ракави”.
Јасна е разликата помеѓу “некогаш” и ”сега”.
Да ја поддржиме искрената и недвосмислена желба за напредок што ја имаме денес, зашто од тоа “денес” зависи нашето “утре”.
Или како што вели една стара пословица: “Што ќе сееме денес, тоа ќе жнееме утре”!