Шилегов: Дури и фикусот сфати дека економските промотори се промашена инвестиција

“Македонија останува на дното во регионот по директни странски инвестиции. Во 2016 година со 122,92 милиони евра, досега.

Каде се осумте милијарди евра странски директни инвестиции на осомничениот криминалец Никола Груевски? – праша портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

“Груевски мора да одговара за се, па и за милионите евра народни пари што ги троши, за 32-цата економски промотори и за туристички роуд-шоуа без никаков ефект.

Преплатените 32-ца економски промотори црпат пари од неограничени буџети и се во ранг на први секретари со статус на дипломати и никому не одговораат за сработеното.

Само еднаш месечно испорачуваат извештај за своето работење до Министерството за надворешни работи.

За економски промотори Никола Груевски вдоми послушни партиски кадри.

Најскандалозно е дека и ќерката на претседателот на Судскиот совет и верен послушник на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Ушковски е вработена како економски промотор.

Економскиот промотор на нашата земја во Индија, Тони Атанасовски, беше унапреден во амбасадор на оваа земја. Најверојатно поради неверојатниот успех што го направи со инвестициите на Субарат Рој!

Дури и Ѓорге Иванов, фикусот насаден во претседателската фотеља, решил да пркне и од темел да ја урне економската политика на Никола Груевски.

Тој потврди дека неспособната власт изминативе години фрлила во Агенцијата за странски инвестиции над 43 милиони евра пари на граѓаните буквално за ништо.

Иванов најверојатно успеал до некаде да сфати дека успехот од странските инвестиции постои само во главата на Никола Груевски!

Затоа и пред Амбасадорскиот совет зборувал за бескорисноста од економските промотори коишто се промашена инвестиција, а годишно црпат неколку милиони евра буџетски народни пари!

И НБРМ неколку пати по ред со своите податоци го демантира Груевски и неговата промашена политика на привлекување на странски инвестиции.

Сега е веќе доцна за Груевски. Готово е! Твојата политичка кариера заврши, сега може на раат да си ја спремаш одбраната за криминалите за кои си осомничен.

На странските инвеститори поважно им е дали Македонија е правна држава отколку дали над владата лета цепелин со порака Инвест ин Маседониа. На странските инвеститори поважно им е дали некој ќе ги остави да работат без да ги рекетира, отколку дали Владата ќе дели македонски пасоши на затвореници од калибарот на Субрата Рој.

Промените доаѓаат! Македонија победува!” – додаде Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e