Шест месеци затвор за Нинџа – помагал при бегството на Грујевски и Бошковски

„А1он“ објави дек Александар Василевски-Нинџа доби нова затворска казна од шест месеци затоа што помогнал при бегство на Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа во УБК и неговиот соработник НИкола Бошковски.

Нинџа признал пред Судот дека помогнал при бегството на двете лица, по што следеше пресудата за нова затворска казна.

Нинџа првично беше осуден на осум години затворска казна за упадот во Собранието што се случи на 27 април, иако за делото за кое се товареше минималната предвидена затворска казна е десет години. Апелација потоа му ја намали казната на седум години.

Тој беше клучен сведок во судењето за упадот на 27 април во Собрание, а опозицијата обвинуваше дека целото обвинение се темели на неговиот лажен исказ.

На судењето за 27 април тој тврдеше бил човек на тајната полиција, донесен од Грујевски и Бошкоски, иако никогаш не бил вработен во службите.

Исто така тврдеше и дека по упадот во Собрание под притисок на Грујевски избегал, но и покрај тоа што го убедувал да не се предаде, одлучил да се јави сам во полицијата.

Грујевски и Бошковски избегаа во јули 2017 година, но беа уапсени на аердором во Солун, кога со лажни бугарски пасоши се обиделе да полетаат за Будимпешта.
Тамошниот Врховен суд донесе одлука тие да не бидат екстрадирани во Македонија поради политички прогон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e