Шекеринска: Во фокусот на Северна Македонија се мисиите во Авганистан и Ирак

Околу 700 милиони евра во наредните 10 години ќе бидат потрошени за модернизација на војската по НАТО стандарди, посочи вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска на брифинг со новинарите.

Таа кажа дека во договор со владата на САД се набавуваат лесни оклопни возила и оклопни транспортери, а до 2024 година треба да се набават и повеќенаменски хеликоптери.

Министерката истакна дека во НАТО структурите ќе има 20 македонски претставници и дека во фокусот на Северна Македонија се мисиите во Авганистан и Ирак.

Според Шекеринска, постизборно ќе се расходува и старата опрема која во моментов ги полни магацините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e