Шекеринска: Ќе отвораме работни места и тие ќе обезбедуваат достоинствен живот!

“И денеска во Велес ги слушаме истите заложби, истите барања и истите поплаки од граѓаните кои ги слушаме низ цела Македонија. А тоа е, дека се поголем и поголем е бројот на млади кои засекогаш ја напуштаат својата татковина.

Најголемиот дел се соочуваат со проблемот број еден во нашата држава, а тоа е невработеноста.” – изјави заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска при денешната посета на Велес.

“Но дури и оние коишто ќе успеат да добијат работно место мака мачат да ја прехранат фамилијата, да ги платат сметките и да размислуваат за развој на своето семејство. Заради тоа нашата главна порака, нашата главна цел во Програмата на СДСМ ќе биде да се обезбедат повеќе работни места, и за младите, и за сите оние коишто ги немаат, но и тие да обезбедуваат подобри услови, подобри плати и поквалитетен живот.

Една од мерките со којашто сметаме дека тоа ќе се постигне е со враќање на 15% од вкупно платениот ДДВ. Тоа значи дека секој којшто купува во продавница, секој кој ги плаќа сметките, секој којшто купува училишен и школски прибор за своите деца, 15% од сите пари коишто инаку и ги плаќа на државата ќе ги добие назад во семејниот буџет.

Дополнително една од првите мерки којашто ќе ја направиме е да ја зголемиме минималната плата во Македонија веднаш на 12 000 денари. Ќе важи за сите сектори во економијата и сметаме дека на тој начин останатите плати ќе забележат сличен пораст.

Дополнително сметаме дека со 20 до 50 милиони евра од Буџетот којшто ќе ги насочиме кон малите и средни домашни фирми ќе влијаеме на создавање на подобри работни места коишто ќе исплаќаат и поквалитетни и подобри плати за граѓаните на Р.Македонија.

Над 500.000 граѓани во оваа држава живеат под границата на сиромаштија. За да го решиме тој проблем мора да отвараме можности за нови работни места, но работни места коишто ќе нудат шанси за достоинствен живот.

Тоа ќе го направиме по декември, веднаш по промената на оваа себична и неодговорна власт.” – додаде Шекеринска.

RSekerinska290816_1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

RSekerinska290816_3

RSekerinska290816_2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e