Шекеринска: Чудно е јас да бидам транзиски политичар, а Мицковски сопственик на хидроцентрали во време на транзиција

Ние до полноправното членство мора да го ратификуваме Протоколот за НАТО во Собранието. – рече Радмила Шекеринска, вицепремиерка и министерка за одбрана во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал5.

-Очекувам сите кои барем еднаш кои го спомнале НАТО да гласаат за Законот за одбрана. – рече Шекеринска појаснувајќи дека по 2012-та година во сите извештаи имало стагнација во поглед на основните демократски вредности и заклучоци кои како што вели Шекеринска не враќале назад.

-Ние сакавме изборите да се одржат во предвидените датуми кои ги понудивме на 22 и 29 декември. Најодговорно тврдам дека ВМРО ДПМНЕ лажат. – рече Шекеринска за претстојните избори.

На прашањето кој ќе биде технички премиер вицепремиерката рече:

-Мој фокус во изминативе 2 ипол години беше да го постигнеме членството во НАТО и да не дозволам никакв кикс на тој план. Да не ја трошиме енергијата на погрешни прашања, на постојаното лицитирање кој ќе биде технички премиер.

На прашањето дали се доживува како транзициски политичар, како што деновиве ја квалификуваше опозицискиот лидер Мицковски Шекеринска вели:

-Чудно е јас да бидам транзиски политичар, а Мицковски да биде сопственик на хидроцентрали во време на транзиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e