Се поблиску членството во НАТО

Додека трае неизвесноста дали ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, без застој продолжува процесот на ратификација на Протколот за пристапување во НАТО. Уште две земји – Италија и Велика Британија вчера дадоа зелено светло за влез на Северна Македонија во Алијансата.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб на Твитер објави дека го потпиша Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, со што досега 24 од 29 земји-членки го завршија процесот на ратификација. Раб истакна дека со нетрпение очекува Северна Македонија и официјално да стане дел од НАТО на на состанокот на лидерите на Алијансата во Лондон.

Неколку часа претходно Протоколот беше ратификуван и во италијанскиот Сенат.

Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и во Холандија и Исланд. Според праксата досега вообичаено е Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, се уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на американскиот Конгрес.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Останува отворено само прашањето дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e