СДСМ: Во недела огромното мнозинство ќе заокружи ЗА европска Македонија

Во недела граѓаните носат историска одлука за нивната и иднината на државата.

Огромното мнозинство граѓани во недела ќе го искористи демократското право, нема да седат дома туку ќе излезат и ќе гласа на референдумот за иднината.

Како и да одлучат да гласаат граѓаните, тоа трајно ќе влијае врз нивниот живот, врз индината на државата и иднната на следните генерации. Граѓаните одлучуваат слободно и без притисоци на демократски референдум и ќе гласаат ЗА европска Македонија.

Надлежните институции работат професионало и посветено и гарантираат спроведување на фер, слободен и демократски референдум на кој ќе одлучуваат граѓаните. Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз процесот на гласање ќе биде соодветно санкциониран.

Од Мицкоски зависи да ќе продолжи да биде против иднината и ќе остане изолиран во своето деструктивно однесување.

Граѓаните се обединети и во недела масовно, слободно и без притисоци ќе гласаат за иднина во ЕУ и НАТО. Огромното мнозинство граѓани ќе заокружи ЗА европска Македонија, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e