СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со своето нехумано однесување го доведува во опасност здравјето на граѓаните

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со своето деструктивно и нехумано однесување од почетокот на пандемијата со коронавирусот во нашата земја работат на штета на здравјето на граѓаните.

Во време кога пандемијата зема замав и сите европски држави воведуваат построги мерки за заштита од коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ го кочеше и одолговлекуваше донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести во парламентот.

Уште од првите моменти од пандемијата со коронавирусот Мицкоски бесрамно лажеше дека немало доволно тестови за коронавирусот, ги делеше здравствените работници на ваши и наши, потоа намерно ги прекршуваше мерките за заштита од коронавирусот и одеше во фитнес центри и ресторани кои не смееја да работат.

По налог на Мицкоски неговата послушничка во техничката влада Гордана Димитриеска Кочовска го кочеше заемот од Светска банка, пари за опремување на центрите за интензивна нега кои ако невреме беа опремени, ќе беа целосно подговтвени за есенскиот бран, а Наќе Чулев за политички поени, охрабруваше да се прекршуваат мерките и најавуваше дека полицијата нема да казнува.

Колку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за јавното здравје зборува и тоа што членот на Извршниот одбор Вело Марковски велеше дека вирусот не е опасен, дека ќе заврши за месец – два со што ги охрабри граѓаните да не ги почитуваат мерките.

ВМРО-ДПМНЕ од една страна глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а со своето однесување го доведува во опасност и го покажува и своето нехумано лице“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e