СДСМ: Видлив е очајот на ВМРО-ДПМНЕ, измислуваат лажни случаи за договори склучени во време кога тие беа на власт

Јасен и видлив е очајот во којшто е западната ВМРО-ДПМНЕ. Оваа опозициска партијата измислува непостоечки случаи за договори склучени во 2015 година кога токму ВМРО ДПМНЕ беше на власт.

Сите јавно достапни информации покажуваат дека првиот договор за истражување на минерална суровина – глина, во општина Василево, фирмата Тотал Инженеринг со Владата на Република Македонија го има потпишано 2015 година, времето кога премиер на владата е Никола Груевски, тогашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Проектите, елаборатите и ревизиските клаузули се одобрени од институции кои во тоа време ги раководеле кадри на ВМРО ДПМНЕ.

Според овие реални факти јасно е дека не постои никаков конфликт на интереси, туку дека станува збор единствено за финиширање на постапка започната уште во 2015 година.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики на Владата предводена од СДСМ преку коишто што државата тргна напред и затоа секојдневно измислува непостоечки случаи. Со таквото однесување, опозициската партија одново покажува дека лажните вести, рециклираните и измислени случаи се нивниот единствен начин на дејствување, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e