СДСМ: Учебната година започна без учебници, клупи и столчиња!

Заменик-министерот за образование Спиро Ристивски, кадар на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, излажа дека се е подготвено за учебната година – многу ученици се сеуште без учебници, а има и такви кои се без клупи и столчиња.

Поради доцнење на тендерските набавки, неизвесно е кога сите ученици ќе ги добијат своите учебници.

За оваа состојба директно е виновно Министерството за образование и наука, кое ги отвори понудите од јавната набавка на опрема за основни и средни училишта на само четири дена пред почетокот на учебната година. Крајниот рок за пријавување на огласот за јавна набавка за подготовка, превод, печатење и дистрибуција на учебници беше два дена по почетокот на учебната година.

Очигледно за одговорните во МОН, плажите и одморот беа поважни отколку учениците.

Министерот за образование Пиштар Љутфиу и неговиот заменик Спиро Ристовски се должни да одговорат на следниве прашања пред македонската јавност:

Зошто дозволивте доцнење на тендерските постапки?

Зошто дозволивте учениците да ја почнат учебната година без основните потреби за настава?

Зошто на почетокот на секоја учебна година се повторуваат истите проблеми?

Дали треба да го оставиме образовниот процес на нашите деца да поминува со ад-хок одлуки и задоцнети постапки?

Како може тркалата на лудоста и другите расипнички лудории да ви се поважни од учениците?

Лажењето и неодговорната политика се стил на ВМРО-ДПМНЕ дури и кога се најмладите во прашање. Оваа партија граѓаните ќе ја запаметат само по катастрофалниот проект – екстерно тестирање. По промените, почнуваат вистински реформи во образованието. – реагираат од СДСМ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e